Kавадарци/Нов семафор во новиот центар

Кавадарци
Типографија

Семафорот се наоѓа на крстосницата меѓу булеварите „Никола Минчев“ и  „Македонија“

Општина Кавадарци деновиве го реализира новиот сообраќаен проект со кој градот ќе добие ново семафорско регулирање на сообраќајот. Станува збор за подобрување на безбедноста на сообраќајот на раскрсницата  меѓу булеварот „Никола Минчев“ со булевар „Македонија“.Во соошштението лиферувано до РТК.МК од Кабинетит на градоначалникот се соопштува :

 

090909088776565.jpg

“Градежната оператива вчера работеше на ископ на канали за поставување на подземната електро инсталација, после што ќе следи наредната  фаза на поставување анкери за столбовите на кои ќе се постават светлечките семафорски единици.

Ова  ќе биде шестата раскрсница во Кавадарци  каде сообраќајот ќе се регулира со семафор. Согласно проектот ќе бидат поставени вкупно 10 столбови од кои 6 за возачи, 12 за пешаци и 4 одбројувачи на време.

 

1187276726.jpg

 

 

Вкупната инвестиција чини  1.500.000 денари со ДДВ. Изведувач на работите е специјализираната фирма „Електро Софт инженеринг“ ДОО од Скопје. Се очекува семафорот да биде предаден во употреба до крајот на месецот.

 

_DSC0081.JPG

 

Инаку Општината во наредниот период ќе го пушти во употреба третиот пешачки-училишен семафор пред ООУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.

Општината очекува со овие две нови  семафорски решенија во голема мера да се обезбеди побезбедно регулирање и одвивање на сообраќајот низ градските улици„ , се вели во известувањето на јавноста од Кабинетот на Градоначалникот  на Општина Кавадарци Митко Јанчев.

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Showers, 5 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:53 am   |   Sunset: 4:4 pm
87%     17.7 km/h     32.916 bar
Forecast
Нед Low: 3 °C High: 8 °C
Пон Low: 0 °C High: 3 °C
Вто Low: -2 °C High: 2 °C
Сре Low: -2 °C High: 1 °C
Чет Low: -5 °C High: 0 °C
Пет Low: -5 °C High: 5 °C
Саб Low: -2 °C High: 1 °C
Нед Low: -2 °C High: 1 °C
Пон Low: -4 °C High: 2 °C
Вто Low: -3 °C High: 3 °C