(Видео) Изложба “Скици 2017“

Кавадарци
Типографија

Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше  отворена изложбата “Скици 2017“ на која со свои дела се претставија  повеќе автори од Куманово.


Роберт Цветковски, историчар на уметноста од Куманово меѓу другото ќе напише:

-“Своето седмо издание, биеналната изложба на цртеж “Скици 2017“ ќе го одбележи со отварањето на вратите за сите ликовни уметници (досега учество земаа само академските сликари). Идејата да му се даде масовност на проектот ќе донесе уште поголема разновидност во однос на идеите и решенијата коишто ќе бидат понудени од страна на учесниците имајќи го во вид фактот дека цртежот отсекогаш добивал посебен третман условен од влијанието на ликовно-техничката дисциплина во којашто уметникот се изразува. Оттука нè зачудува нагласената употреба на бои и колористички цртачки решенија од страна на академските сликари, бихромни композициски структури со нагласена употреба на линијата - карактеристика на академските графичари, како и сложени стилизирани асоцијативно-фигуративни сцени со нагласена нота на волуменот и фактурата на материјалот интерпретирани од страна на академските скулптори.„

За изложбата говореше и ја отвори актерот Диме Коцевски 

Впечаток од вечерта ни острави настапот на хорот на ОМБУ„Лазо Мицев Рале„ -Кавадарци, кој исполни две песни од Тоше Проески.

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 2 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:35 pm
95%     6.4 km/h     32.780 bar
Forecast
Нед Low: 0 °C High: 5 °C
Пон Low: -3 °C High: 4 °C
Вто Low: -7 °C High: 3 °C
Сре Low: -6 °C High: 2 °C
Чет Low: -5 °C High: 3 °C
Пет Low: -3 °C High: 5 °C
Саб Low: -2 °C High: 6 °C
Нед Low: 0 °C High: 7 °C
Пон Low: -1 °C High: 8 °C
Вто Low: -1 °C High: 10 °C