(Видео) Свети Трифун:Изложба,дегустација и стендап комедија

Кавадарци
Типографија

Празникот на лозарите беше прилика на едно место да се организира ликовна изложба,дегистација на  вина и сценски настап на познат уметник

Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше  отворена заедничка изложба на ликовните уметници Валентина Илијевска и Петра Јовановска насловена како “Во светот на кругот и квадратот“.
Илијевска  дипломирала на Факултетот за ликовни уметности - оддел графика и графички техники во класата на проф. Мирко Вујисиќ со насока на конзервација и реставрација со проф. Невенка Величковска и Момчило Трајковски. 2012-2014 Магистер по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. Жувее и работи во Куманово.

Петра Јовановска: родена 1972 год. во Јесеник, Р. Чешка. 1990 – 1995 Ф.Л.У.- Скопје, отсек графика, 1986 – 1990 Гимназија Јесеник, Чешка.Живее и работи во Скопје.

Изложбата и присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев а со неколку збора  на присутните им се обрати и Владимир Темков како и двете авторки на изложбата .Потоа сите присутни ,советници,партиски активисти на политичкото миље на градот,директори, бизисмени,носители на јавни фунции,културни активисти   можеа да ги вкусат вината на ВВ„Тиквеш„ која приреди дегустација-во чест на празникот на лозарите како увертира пред премиерата на стендап комедијата на познатиот актер Сашко Коцевски кој настапи во салата на Домот  на Културата.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (night), 21 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:42 am   |   Sunset: 7:29 pm
70%     17.7 km/h     33.017 bar
Forecast
ЧетLow: 18 °CHigh: 30 °C
ПетLow: 18 °CHigh: 33 °C
СабLow: 18 °CHigh: 33 °C
НедLow: 20 °CHigh: 33 °C
ПонLow: 20 °CHigh: 32 °C
ВтоLow: 19 °CHigh: 30 °C
СреLow: 18 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 32 °C
ПетLow: 16 °CHigh: 32 °C
СабLow: 17 °CHigh: 32 °C