“Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан-ReLOaD”.

Кавадарци
Типографија

Родова еднаквост, негување на културата и културното наследство, заштита на животната средина, претприемништво и социјална инклузија.

Ова се приоритетите околу кои се сложија вчера претставници на граѓански организации од Кавадарци. Состанокот беше во рамките на проектот “Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан-ReLOaD”. Проектот има за цел да ја зајакне партиципаторната демократија и процесот на интеграција во ЕУ за земјите од Западен Балкан, преку јакнење на граѓанското општество за тоа да зема активно учество во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Тој е финансиран од ЕУ со околу 120 илјади евра по општина, од кои општинското учество е 20 отсто. Се спроведува во пет општини. Имплементацијата е од УНДП, од 2018 до 2019 година. Цел на проектот е меѓу другото зајакнување на партнерството помеѓу локалните власти и граѓанските организации и финансирање на организациите во согласност со локалните приоритети. Како резултат од него се очекува финансирање и имплементација на проекти од интерес на граѓаните, подобрени услуги и квалитет на живот за повеќе граѓани, зајакнети капацитети на организациите за да можат да управуваат со грантовите и да имплементираат високо квалитетни проекти.

МеталАпостолов
MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 20 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:0 am   |   Sunset: 8:10 pm
65%     6.4 km/h     33.051 bar
Forecast
ПонLow: 15 °CHigh: 23 °C
ВтоLow: 15 °CHigh: 21 °C
СреLow: 14 °CHigh: 21 °C
ЧетLow: 13 °CHigh: 21 °C
ПетLow: 13 °CHigh: 26 °C
СабLow: 13 °CHigh: 27 °C
НедLow: 17 °CHigh: 26 °C
ПонLow: 16 °CHigh: 27 °C
ВтоLow: 16 °CHigh: 28 °C
СреLow: 17 °CHigh: 29 °C