„Џентлмени„ го разубавија празникот на жените

Кавадарци
Типографија

Триото тенори во Кавадарци одржа одличен концерт на кој беа изведени познати композиции на класични и песни од популарната музика

Синоќа во Домот на култура “Ивана Мазов - Климе“ Кавадарци, по повод Празникот 8-ми Март, се одржи целовечерен концерт на Trio Gentlemen, Насловен како  “Во чест на дамата“,концертот беше вистински погодок на организаторот Домот на Културата и  Градоначалникот и Советот на Општината.Публиката скандираше речиси по секоја песна ,флуидот меѓу изведувачите и публиката беше воспоставен уште по првата мелодија.Македонската естрадна сцена има тројца  изведувачи-тенори кои можат да се носат со светските  слични групи и солисти на ваква изведба на музика.Вистинско уживање беше да се биде синоќа и да се присуствува на овој концерт на  еден и пол час слушање музика за душа.

Trio Gentlemen е група составена од тројца оперски пејачи: Дејан Стоев - тенор, Кристијан Антовски - баритон и Дарко Нешовски - тенор. Го негуваат поп класичниот стил, кој во светот е веке добро познат, најмногу по светски славните ,,Il Divo". Trio Gentlemen на своите настапи звучат онака како и што изгледаат, модерно, елегантно и софистицирано, со вокални можности кои им овозможуваат да се носат рамо до рамо со најголемите музички ѕвезди од овој жанр.

На репертоарот ги слушавме светските хитови: "My Way", "One Night Only", "Caruso", " Unbreak My Heart", "You Raise Me Up", "Parla Piu Piano", "Adagio", Amazing Grace", Everytime I look At you", руски романси, италијански канцони, шпански песни, и песни од македонско творештво.

Пред влегувањето во салата на каде се одржа концертот на сите дами кои влегуваа да го следат концертот им беа подарувани црвени рози, со што на вечерта уште повеќе беше разубавена.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 10 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:3 pm
82%     9.7 km/h     33.017 bar
Forecast
Саб Low: 2 °C High: 10 °C
Нед Low: 0 °C High: 5 °C
Пон Low: -1 °C High: 1 °C
Вто Low: 0 °C High: 0 °C
Сре Low: -2 °C High: 1 °C
Чет Low: -4 °C High: 1 °C
Пет Low: -6 °C High: 3 °C
Саб Low: -1 °C High: 2 °C
Нед Low: -3 °C High: 2 °C
Пон Low: -4 °C High: 2 °C