Се градат тротоари, се поставуваат метални столбови

Кавадарци
Типографија

Локалната самоуправа Кавадарци-активна во комуналната изградба

Вчера се пристапи кон неколку комунални изведби , некои од нив беа во завршна фаза а некои беа отпочнати.

На ул.“Рајко Жинзифов“ завршен е тротоарот и се поставени метални столбчиња. Станува збор за делница со површина од 340 м2  на потегот од спојот со ул.“Шишка“ до спојот со ул.“25 Мај“. На овој дел во должина од 150 метри оперативата на фирмата “Инвест Груп“ постави бекатон коцки а тротоарот за побезбедно движење на пешаците беше ограден и со метални столбчиња. Вкупната инвестиција на овој проект изнесува 425.000 денари. 

Оперативата на фирмата “Урбан Инвест“ од Кавадарци работи на изготвување подлога на дел од тротоарот на ул.“Ѓоре Брушански“ каде согласно програмата за комунална изградба на Општина Кавадарци треба да се постават бекатон плочки. Станува збор за зафат на површина од 370м2 со вредност од 450. 000 денари.

Подготовка на подлога на крак од ул.“Дисанска“. Се работи за должина од нешто повеќе од 100 метри, ќе се поставуваат бекатон коцки.

Фирмата “Урбан Инвест“ подолг период ќе работи на санација и реконструкција на целиот тротоар од Силекс зградите па се до новиот центар во градот. Паралелно со тоа ќе се поставуваат и метални столбчиња. Моментално се работи на тротоар на ул.“Страшо Пинџур“.

Соопштението  за овие активности ни пристигна од Кабинетиот на Градоначалникот Митко Jанчев.

 

 

 

33333333333222444445.jpg

 

 

 

 

МеталАпостолов
MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 20 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:0 am   |   Sunset: 8:10 pm
65%     6.4 km/h     33.051 bar
Forecast
ПонLow: 15 °CHigh: 23 °C
ВтоLow: 15 °CHigh: 21 °C
СреLow: 14 °CHigh: 21 °C
ЧетLow: 13 °CHigh: 21 °C
ПетLow: 13 °CHigh: 26 °C
СабLow: 13 °CHigh: 27 °C
НедLow: 17 °CHigh: 26 °C
ПонLow: 16 °CHigh: 27 °C
ВтоLow: 16 °CHigh: 28 °C
СреLow: 17 °CHigh: 29 °C