Дрекслмајер го поддржува спортот/Нова спортска опрема за три фудбалски тимови од регинот.

Кавадарци
Типографија

Дрекслмаjер како познат партнер на регионот го поддржува спортот и особено младите луѓе. Овој пат во фокусот беа ставени три фудбалски тимови од различни места: Градскиот фудбалски клуб Тиквеш

– „ГФК Тиквеш“ од Кавадарци, „ФК Габер“ Ваташа и детскиот фудбалски клуб „Young boys“ од Неготино добија нова спортска опрема.Дрекслмаjер ја препозна амбицијата и силната желба за успех на младите фудбалери на „ГФКТиквеш“ и го поддржа тимот со комплетна спортска опрема. „Во следната сезона ќе го дадеме најдоброто од себе да постигнеме добар резултат. Драго ми е што Дрексeлмаер како како една од најголемите компании го поддржа нашиот клуб“, рече Миле Масларков, претседател на клубот.

И „ФК Габер“ од Ваташа е тим на млади и амбициозни момчиња кои добија нова спортска опрема од Дрекслмајер: професионални дресови, тренерки и копачки. „Благодарение на Дрекселмаер имаме можност да тренираме и играме фудбал во нова професионална опрема. Дел од фудбалерите се и вработени во компанијата и токму затоа сме горди што Дрекслмајер е нашиот главен поддржувач“, -истакна Киро Толев, тренер на клубот.

Исто така триесет и три дечиња на возраст од шест и седум години кои тренираат фудбал како вистински професионалци добија спортска опрема. Малите фудбалерчиња од клубот „Young boys“ од Неготино тренираат минимум двапати неделно и учествуваат на многу фудбалски турнири низземјата. „Спортот и рекреацијата се многу важни за децата. Тие се многу вредни и со радост доаѓаат на тренинзите, што особено ме прави горд. Нивната најголема желба беше да добијат тренерки во боите на нивниот омилен фудбалски клуб. Компанијата Дрекслмајер им ја исполни оваа желба, а нивните радосни лица говорат сѐ.“ – Александар Павлов, тренер и претседател на клубот.

Дрекслмајер останува партнер на регионот.

Спорт, образование, култура и социјални проекти – компанијата Дрекслмајер останува доследна на својата цел да го поддржува регионот и да биде негов лојален партнер. „Драго ми е што имаме многубројни акции за поддршка и што успеваме да ги подобриме условите во кои функционираат и се активни дел од институциите, клубовите, здруженијата. И во иднина преку реализација на разновидни проекти Дрекслмајер ќе остане лојален партнер на овој регион“, Лукас Мирингер генерален директор на Дрекслмајер, Македонија.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mixed Rain and Snow, 0 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:4 pm
89%     8.0 km/h     33.153 bar
Forecast
Нед Low: -2 °C High: 5 °C
Пон Low: -1 °C High: 1 °C
Вто Low: 0 °C High: 1 °C
Сре Low: -3 °C High: 3 °C
Чет Low: -5 °C High: 3 °C
Пет Low: -2 °C High: 4 °C
Саб Low: -1 °C High: 6 °C
Нед Low: -2 °C High: 6 °C
Пон Low: -2 °C High: 8 °C
Вто Low: -1 °C High: 10 °C