ПСД „Орле„/ Два дена на Дудица на 2.150 метри н.в.

Кавадарци
Типографија

Планинарската акција ќе се одржи во сабота и недела, 23 и 24 јуни 2018

Планинарското спортско друштво „Орле" од Кавадарци во духот на традицијата и оваа година организира логорување во подножјето на Кожуф планина и искачување на врвот Дудица на 2150 м.н.в.

Планинарската акција ќе се одржи во сабота и недела, 23 и 24 јуни 2018, а секој учесник кој ќе се пријави потребно е да си понесе соодветна опрема за логорување од што задолжително:

- шатор

- вреќа за спиење

- подметач

- храна

И друга останата опрема за кампување и логорување.

Распоредот и програмата се следните:

23.06.2018 (сабота)

10:00 собирно место караула Михајлово

10:30 тргнување кон логорот, патеката е долга 12 км или 4 часа пешачење.

15:00 пристигнување и поставување на логорот и време за одмор

18:00 слободни активности, заедничко дружење во логорот

24.06.2018 (недела)

06:30 припреми и тргнување кон врвот

09:00 пристигнување на врвот ,патеката е 4 км или 2 часа пешачење ( за истата ќе биде поставена мапа)

12:00 враќање во логорот, ручек и растурање на логорот

13:00 тргнување кон Михајлово по истата патека од предходниот ден.

Организаторот за сите учесници ќе обезбеди теренско возило до самиот логор, кое ќе служи за пренос на камп опремата (шатор, вреќа за спиење, подметач) и логистика. Покрај ова ќе биде обезбеден и доручек кој е вклучен во котизација за учество во самиот настан, која чини 150 денари по учесник. Од планинарското спортско друштво „Орле“ напоменуваат дека секој учесник си сносува сам одговорност за своите постапки при учеството на настанот.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Showers, 27 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:13 am   |   Sunset: 8:2 pm
64%     6.4 km/h     32.814 bar
Forecast
ВтоLow: 18 °CHigh: 30 °C
СреLow: 18 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 29 °C
ПетLow: 19 °CHigh: 31 °C
СабLow: 18 °CHigh: 34 °C
НедLow: 17 °CHigh: 36 °C
ПонLow: 18 °CHigh: 31 °C
ВтоLow: 17 °CHigh: 27 °C
СреLow: 18 °CHigh: 29 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 29 °C