Изложба на Владимир Симоновски во Кавадарци

Кавадарци
Типографија

Во Галерија при Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци синоќа беше  отворена изложба на скулптури на ликовниот уметник Владимир Симоновски од Битола

Изложбата беше насловена како “Нагоре“а кај љубителите на уметноста во Кавадарци предизвика особен интерес.Тоа е нашиот впечаток од ова средба  која ни ја овозможи Домот на културата и Владимир Темков, кој на почетокот ги поздрави присутните и неговите колеги кои дојдоа ова вечер на изложбата на Владимир.Тој е негов голем пријател и особено го цени неговото творештво кое низ склуптурите кои работи ја изразува својата животна експресија на се што гледа околу себе.Toa го потврди и неговиот пријател и колега од Кавадарци  Данаил Данаилов кој додаде дека Симоновски постојано создава нешто ново, и изразувајќи се  метафорично ја потенцира  интенцијата да се стреми кон „нагоре„ во што очигледни успева.Можноста  две од неколкуте изложени скулптури да се движат во просторот овозможија интерактивна фукционалност со публиката што за наши услови е новитет кој беше прифатен од публиката.

Владимир Симоновски, роден во Битола 1974 година, а апсолвирал на Машински факултет во Скопје,  дипломирал вајарство на ФЛУ – Скопје, во класата на проф. Ибрахим Беди. Досега излагал во Македонија, Турција, Бугарија и Франција. Се занимава и со театарска сценографија, костимографија и внатрешно уредување.

20180709_204126.jpg20180709_203317.jpg

 

20180709_204200.jpg

 

20180709_203253.jpg

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 30 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:13 am   |   Sunset: 8:2 pm
40%     17.7 km/h     32.814 bar
Forecast
ВтоLow: 18 °CHigh: 30 °C
СреLow: 18 °CHigh: 30 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 29 °C
ПетLow: 19 °CHigh: 31 °C
СабLow: 18 °CHigh: 34 °C
НедLow: 17 °CHigh: 36 °C
ПонLow: 18 °CHigh: 31 °C
ВтоLow: 17 °CHigh: 27 °C
СреLow: 18 °CHigh: 29 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 29 °C