(Видео) Крводарителство / Навивачката група„Лозари - исток“ даруваа крв

Кавадарци
Типографија

Хуманоста нема граници. Навивачката група „Лозари исток„-денеска организираа успешна акција за дарување крв

Членови на сите подгрупи на навивачите од Кавадарци „ Лозари Исток 91“-денеска беа хуманисти. Тие ја спроведаоа  и организираа најголемата крводарителска акција  за Кавадарци годинава , при што собрани се најмногу крвни единици. Акцијата веќе  станува традиционална, и се организира во декември месец.

Во акцијата денеска крв дарување средношколци,вработени и невработени, членови на сите подгрупи на „Лозари исток„-од Кавадарци но и пензионери и други граѓани повеќекратни крводарители. До пладне кога го реализиравме прилогот беа собрани над 30 крвни единици, а очекувањата се над 50 до крајот..Крводарителската акција се одржа во салата на Советот на Општинското собранието од 9 до 14 часот, а е реализирана со помош  на ОО на Црвен крст , и Републичкиот завод за транфузиона медицина.