Томе Стојанов од село Волково-Скопско, подолго време се занимава со производство и расадување на дрвца .На Томе ова благородна активност му е задоволство и засега не се изморил од неа.Напротив.

-Со години да го правам ова.Не не сум се изморил ова го правам и ми причинува голема чест и задоволство бидејќи барем малку помагам на природата за тоа што нам  таа  ни дава , вели Стојанов.

Во 2012 година по 4 години упорност конечно започнал да го реализира проектот „Садница +“.Во акцијата забележал дека граѓаните секогаш сакале да садат повеќе садници. Со неговата ќерка Ангела  престојувале  на локација каде имало бадеми, ги собрале семките ги разадиле и напролет никнале садници со бадеми.Така тој ја изнел гласно својата идеја , со предлог, ако неговата ќерка може, зошто не и останатите деца од Македонија да создадар „Дрвце +„или „Садница +“ која потоа  станала широко прифатена акција .Акццијата е спроведена во повеќе учулишта кај нас во Македонија.

-Денес горд сум што имам повеке видови на дрвца од семчиња како: бадем,јасен,даб и најлековитото и најдолговелно дрво Гинко Билоба.Од дрвото гинкго имам пристоен расадник.Ова дрво е најлековито ,најстаро и најголем прочистувач на воздухот.Во 2018 година есента заедно со мои истомисленици од нашиот гинкго расадник во Скопје и надвор од Скопје засадивме од ова скапоцено дрво.Голема благодарност до сите кои се вклучија во акцијата вели Томе ГИНКО.

Тој досега донирал или продал по мининална цена стотици млади садници дрвца Гинко-во повеќе цркви во Македонија и на приватни лица од земјата и надвор од неа.

Последната негова активност го опфати и овој Тиквешки регион.До Томе и до Здружението Трорачица од Скопје благодарност за донацииите во млади дрвца Гинко Билоба изразија од : Црквите Св. Димитрија и Св. Петка во Кавадарци. Дрвце Гинко беше засадено и од Тони Ангелов и Петар Трајков. Тие се благодарни на Томе за грижата за здрава и чиста животна средина, но и за уредување на црквениот двор на „Св. Илија“ во село Горна Бошава.

398622_268287079963918_1764391724_n.jpg

18814099_1459930607408484_9170181501341684796_n.jpg

39105860_2061495797251959_6184890336603537408_n.jpg

 

38204339_2036864999715039_6209581807235497984_n.jpg

 

43610603_2149295161805355_2013335567189671936_n.jpg

 

44671235_2169486689786202_463218472051015680_n.jpg

 

46414968_2206066002794937_6842855579476557824_n.jpg

 

46445070_2207962959271908_7390111593549266944_n.jpg

 

47265859.jpg

 

46516203_2213678108700393_32328210247057408_n.jpg

 

46705482_708244686217647_8460201282303426560_n.jpg

 

 

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА