ЈП Комуналец / Ниските температури предизвикуваат дефекти

Кавадарци
Типографија

ЈП Комуналец ги санира дефектитe од ниските темпартури

Поради дефект на главна водоводна линија за Росоман,денеска  без вода за пиење ќе останат корисниците на Росоман, село Рибарци, фабриката ДРЕКСЛРМАЈЕР, СЛОГА и село Сопот во времетраење од 9 часот до 16 часот .

Истовремено ЈП КОМУНАЛЕЦ Кавадарци сооштува дека  денеска поради технички проблем на доводниот цевковод за резервоарите за висока зона, можно е корисниците на висока зона на населбата Голи оток,висока зона селата Ваташа, Возарци, Шивец и комбинат ФЕНИ -Индустри ,да се соочат со намален притисок или целосен прекин на водоснабдувањето. Поради непристапноста на теренот екипа на ЈП КОМУНАЛЕЦ  пристапи кон решавање на проблемот .

Пораду ниските темопатури ЈП КОМУНАЛЕЦ апелира до сите свои корисници чии што мерни инструменти - водмери се поставени во непрописни шахти, навремено да извршат превентивна заштита на истите, а со цел да се спречи евентуално нивно оштетување, но и дефекти на водоводната линија како резултат на непогодните временски услови со кои е моментално зафатена нашата општина, а има најава и за по екстремно ниски температури.