/Фото/ Со крстот за Водици Дарко и “Лозари - Исток“ ке и помогнат на Драгана

Кавадарци
Типографија

 

Дарко Недев, (17 години)  кој го фати крстот за Водици во годинава во  Кавадарци заедно со навивачката група Лозари Исток денеска организираа хумана акција

Се работи за хумана акција која се проведе на Градскиот плоштад во Кавадарци, а во која се вклучија и други граѓани.Имено зедно со Навивачката група Лозари Исток, чиј член е ,Дарко Недев, кој на 19-ти јануари го фати  светиот крстот    , наместо да оди по куќите и да собира пари за себе од оние лои ке сакаат да го бакнат или допрат светиот крст , реши, на предлог нЛозари0Итсок, срествата да ги намени за хуманитарни цели.

-Јас ова година решив да се пријавам да  се натпреварувам за да го фатам крстот,а тоа го направив зато што имав претчувство дека ке го фатам.Со господова помош успеав , но потоа решив да помогнам некому.

Помошта преку крстот од Водици Недев ја наменува за Драгана Малкич, која има потреба од операција на окото,за која нејзините родители треба да платат 10.000 евра., додава Дарко кој денеска го сретнавме на Плоштадот во Кавадарци.

-„Денеска на Градскиот плоштад сакам да ги вклучам и граѓаните.Наместо да одам по дома и парите да ги ставам в џеб. На граѓаните им нудам да го допрат крстот и да донират колку сакаат , а така сите пари ќе ги наменам за ова хуманитарна активност, која нема да можев сам да ја организирам.„

„Многу ми помогна навивачката група Лозари-Исток, чиј член сум и јас.Тие ми се голема подршка, и  всушност и ми го дадоа предлогот.Од Црквата ке побараме дозвола ако може крстот да остане уште некој ден за да ја спроведуваме ова акција со цел да соберем повеќе пари за Драгана.„

Хуманоста нема граници.Гестот  ни   го топли срцето , овие студени јануарски денови, посебно затоа што доаѓа од млади луге.Респект Дарко и Лозари-Исток.

00000988888.jpg

01110023333333.jpg