„Basket4Kids“  :   КК СПОРТИСИМО 35 -22 КК ЈУНИОР.

 Видео Спорт Клуб

Екипата на КК “ Спортисимо”  e победник на регионалниот турнир -Баскет Фор Кидс (Basket4Kids) за играчи до 13 години кој се одржа во Кавадарци.

Финалето со екипата на Јуниор од Битола која беше првопласирана во својата група.

Финалниот натпревар беше неизвесен само на почетокот, односно во првото полувреме.Во второто полувреме екипата на СПОРТИСИМО со подобра игра успеа да поведе со двоцифрена предност која ја задржа до самиот крај .

Конечниот резултат гласеше КК СПОРТИСИМО 35 -22 КК ЈУНИОР.

Најдобри ирачи во победничката екипа беа капитенот Андреј Чадамов и Христијан Миленовиќ.

Како шампион на регионот екипата на КК “ Спортисимо” обезбеди учество на републичкото финале кое ќе се одржи во Скопје , а на кое ќе учествуаат 4 екипи кои се победници во своите реони.

Победникот на овоj finalfour турнир ќе ја претставува Р.Македонија на најдобрите екипи од ex Ју просторите кој ќе се одржи во Словенија.

https://www.youtube.com/watch?v=KKTBimfz88Y&feature=player_embedded&fbclid=IwAR1HY-wQA3Q7vQYZnSdmBOVGyP0yUcNSWN0QiAe1X1JWIttbYPXk8lw6mvU
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА