Стари фотографии на Кавадарци-Дрвени кораби на Тиквешко езеро 1971 година

Кавадарци
Типографија

Oва е првиот чамец за рибарење на Тиквешкото Езеро, кој беше добиен од колегите од “Дојранско Езеро“. Набргу дрвените чамци поради конфигурацијата на езерото и честото менување на нивото на водата се покажаа како неефикасни и набргу беа заменети со метални. Фотографијата е на Б. Ивановски од 1971 година и е од архивата на Музеј-галерија.

П.Камчевски