Средновековната или Марковата кула во Кавадарци снимена пред изградбата на Музичкото училиште, кога просторот пред кулата не беше узурпиран како што е тоа денес. Ова е најстариот белег на Кавадарци и потекнува од втората половина на 17 век. Висока е околу 20 метри и имала покрив и 5 ката до кои се качувало по дрвени скали. Кулата имала одбрамбен карактер. Во 1977 година се извршени одредени конзерваторски зафати со цел да се утврдат камењата на врвот од кулата. На неколку пати како институција Музеј-галеријата преку РЗЗСК-Скопје има побарано да е изврши целосен конзерваторски третман на кулата, ама се се сведе само на ветување. Фотографијата е од 1959 година, а ја снимил Бранко Ивановски.

П.Камчевски

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА