Иколу 80-сетина хектари површина беа зафатени од пожарот кој викендов го зафати Голем Љубаш

Пожарот беше најголем досега во ова година.  Досега се евидентирани се   135 пожари и тоа за  кратко време од 2 месеца и 20 дена.Или за јануари 2 биле  на отворен простор и 35 на објекти, февруари: 22 на отворен оростор  28 на објекти и   за 10 дена од март 24 на отворен простор и 9 на објекти.

На последниот пожар во кој опасно беше и за интервенција гореше сува трева и ниско стеблеста шума на Голем Љубаш- од страната на Северова Падина во астарот на селата Манастирец и Трстеник . Пожарникатите од кавадаречката противпожарна единица и вработени на ШС„Бор“ го спречија  е ширење на огнот кон боровата шума на Голем Љубаш.Местото на пожарот го посети градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и претставници на кавадаречката полиција, како и директорот на ЈП „Македонски шуми Зоран Ѓорѓиев.По локализирањето на пожарот во саботата на 23 март, наредниот ден на 24 март поголем број вработени на ЈП Комуналец и ППТЕ заминаа на  Голем Љубаш и на местото на пожарот додатно интервенирајќи  на места каде сеуште гореле пламени и истиот целосно е ставен под контрола, ни потврдија вчера од ППТЕ Кавадарци.

Се претпоставува, бидејќи истрагата е во тек , дека и овој пат  се работи за  несовесен однос на дел од земјоделците кои ги палат стрништата и  прачки од искројани лозја на лозарите.Апелите за непримена на ова работа со палењето на прачките досега беа игнорирани од земјодејците и затоа  институциите  задолжени за ова проблематика  ќе мораат да преземаат соодветни мерки, а повеќе од се истражни мерки во кои ке бидат пронајдени пироманите и неодговорните и соодветно да се казнат спрред законите.

20190323_163317.jpg

11111111111111111111111244.jpg

 

33333333333333333333333333333456.jpg

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА