Во пожарот нема повредени.Интеренвенирано е со 4 возила и 10 пожарникари.

          Противпожарната територијална единица Кавадарци рано утринава во 3.30 часот  добила дојава за пожар на улицата „Тошо Пепето„во центарот на градот,во старото кавадаречко маало зад хотел „Балкан„.Куќата која горела ,кога пристигнале 4 возила и 10 професионални пожарникари , била во пламен.Улицата каде е куќата инаку сопственост на Душан Поп-Ицов, била непристапна за возило на пожарната, а сокакот каде се наоѓала  тешко или воопшто пристапен.Затоа се влечеле противпожарни црева од поголема далечина.

Пожарот е целосно изгаснат во 5.30часот

Жртви и повредени нема.Кавадарекире пожарникари успеале да го изгаснат пожарот и да не дозволат истиот да се прошири на останатите куќи во ова старо маалово центарот на Кавадарци.

Ова куќа била напуштена,причината е или  човечки фактор или елекрична инсталација.Ќе покаже истрагата.Полициска екипа и екипа за службена истрага на овој пожар била на лице место и ке бидат преземени сите истражни и законски дејства.

 

image-0-02-05-ecab5a052a51912aab4e0e226ebcc9f3a03cb98f16f4ac1ba5aa844c37ba748b-V.jpg235.PNG

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА