Четвртото издание на „Т'к Так Фест“ ќе се оддржи на 5 септември, сабота, на градскиот базен „Ал Пачино“ во Кавадарци.

Кавадарци
Типографија

 

 на 21 август завршува и пријавувањето за демо бендови

 

                        Уникатните „Фолтин“, легендарните „Паја Бенд“, „Црна Тачка“ и „Коцка Лед“, минатогодишните победници „Chromatic Point“ и исклучително интересните „The Brothers Band“ во кој членуваат познати личности од македонскиот јавен и музички живот ќе бидат дел од ревијалниот дел на четвртото издание на единствениот македонски демофестивал „Т'к Так Фест“, кој годинава ќе се оддржи на 5 септември.


                 „Чест и задоволство ми е што и годинава успеавме да ја направиме таа би рекол природна синтеза помеѓу етаблираните и почитувани рок музичари и новите рок надежи на Македонија, па покрај забавата ќе донесеме дел од историјата, но и иднината на македонската музичка сцена. Ги имаме кавадарчаните „Паја Бенд“ кои по неколку децении повторно ќе пеат за нивната „Роза“, потоа легендарните „Коцка лед“, а од источна Македонија ни доаѓаат „Црна Тoчка“ кои македонската публика ги памети по „Баба Ката“, „Збрка“... „The Brothers Band“ особено нивните членови ќе бидат нашето изненадување за публиката, која ќе ужива и во концертот на минатогодишните победници „Chromatic Point““ - ни изјави Марко Матиев од организациониот одбор на „Т'к Так Фест“.


             Во продолжение од разговорот, Матиев потенцираше дека за разлика од останатите настани кои се организираат ширум земјава, и на четвртото издание ќе видиме македонски бенд како главна музичка ѕвезда. „Веруваме во квалитетот на нашите бендови, ги сакаме, слушаме и почитуваме, и токму поради тоа и годинава ќе имаме македонски бенд кои ќе настапи како главна ѕвезда на фестивалот. Се работи за уникатните „Фолтин“ кои по долги, долги години доаѓаат во Кавадарци, и тоа на нивното прво концертно издание“ - дополнува Матиев.


            Од организациониот одбор уште информираат дека на 21 август завршува и пријавувањето за демо бендови, па сите оние кои сеуште немаат аплицирано може да го сторат истото на следниот линк.


              Четвртото издание на „Т'к Так Фест“ ќе се оддржи на 5 септември, сабота, на градскиот базен „Ал Пачино“ во Кавадарци.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (night), 20 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:45 am   |   Sunset: 7:25 pm
75%     11.3 km/h     33.153 bar
Forecast
НедLow: 19 °CHigh: 33 °C
ПонLow: 18 °CHigh: 31 °C
ВтоLow: 19 °CHigh: 32 °C
СреLow: 18 °CHigh: 32 °C
ЧетLow: 17 °CHigh: 32 °C
ПетLow: 17 °CHigh: 32 °C
СабLow: 17 °CHigh: 33 °C
НедLow: 17 °CHigh: 33 °C
ПонLow: 18 °CHigh: 30 °C
ВтоLow: 16 °CHigh: 28 °C