Во Кавадарци новиот претседател Пендаровски  освои  8.695 а кандидатката за претседател Сиљановска- 11.065 гласови. На избиралиштата излегле 46 насто од запишаното гласачко тело.

Излезноста на Претседателскитре избори во државата , за избор на петтиот по ред претседател била 46 %, што е доволно за прогласување на регуларниста на истите.Со 436.212 гласови петтиот мандат за претседател на земјата го освои кандидатот на Коалицијата предводена од СДСМ-Стево Пендаровски, а за  кандидатката  на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановсака -Давкова   гласале 377.713 граѓани со право на глас.На овие избори своето граѓанско право го изразиле  844.365 граѓани.

Во Општина Кавадари немаме  информација за нарушување на изборниот процес.Главно беше мирно, но излезноста ,за разлика од други изборни циклуси е мала.На едно од избирачките места,688, го забележавме гласањето и изјавата на градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА