На 14.април -сабота во Чачак,Република Србија се одржа Меѓународниот натревар Златен појас на Чачак 2018 за натпреварувачи до 13 години.
Центарот за боречки вештини „Будо“ од Кавадарци со нови 8 медали од кoи 7 златни
На државното првенство во кик бокс за јуниори и сениори „Будо“постигна голем успех
ГРК Тиквеш-РК Текстилец (пионери) 21:13
Ракометарите а ГРК Тиквеш 2014- кои се натпреваруваат во пионерската лига на Македонија вчера во рамките на редовниот календар на средби играа со РК Текстилец од Штип.
6 -години „Будо“ клуб
Kaвадаречкиот кик бокс клуб,шест годишнината од постоењето ја одбележа во Демир Капија
(Видео) Прием на кошаркарките на Трокал ,до 14 години- од градоначалникот Јанчев
Кошаркарките на „Трокал„-заслужени најдобри во Македонија за девојчиња до 14 години, денеска ги примија Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Советот Ристо Сакалиев
ВИДЕО:РАКОМЕТЕН ТУРНИР НА ВАРДАР ДБ
Ракометниот клуб Вардар со техничка организација на ракометната академија Вардар - ДБ, во неделата во спортската сала „Јасмин“ беше домакин на натпреварите од првото коло од втората сезона на Вардар Јуниор лигата за генерација на деца 2004-2005 и помлади.
Академијата Вардар ДБ од Кавадарци беше домаќин на 18 екипи, од кои 10 во машка и 8 во женска категорија, а воопшто за прв пат беше одиграно редовно коло на Вардар Јуниор лигата надвор од Скопје. На вкупно деветте натпревари, на ракометниот терен своето знаење и талент го демонстрираа 221 дете. Во две полувремиња од по 15 минути децата и екипите ги одмеруваа своите сили и се бореа за првите бодови.
Повеке од видео прилогот:
Меморијален турнир во мал фудбар
Турнирот ќе се оддржи во недела, 28 февруари во спортската сала „Партизан“ со почеток од 10 часот, а ќе заврши со баклијада во 19 часот.
6 медали за џудистите на „Кожувчанка“
Џудистите на „Кожувчанка“ уште еднаш ја потврдија својата висока форма, освојувајќи 6 медали на меѓународниот турнир во џудо кој во организација на џудо клубот „Пролетер“ се оддржа викендов во Прилеп.
Успехот е уште позначаен ако се земе во предвид дека е остварен во конкуренција на 200 џудисти од 18 клубови од Грција, Бугарија, Србија, Украина, Велика Британија и Македонија. Марија Илиевска и Никола Петров му ги донесоа две први места на џудо клубот „Кожувчанка“, Розе Милкова и Благица Колева загубија во финалните борби и завршија како втори во своите категории, додека Игнат Петров и Благоја Тодоров освоија трети места.
„Иако на турнирот отпатувавме доста ослабени, со голем број на отуства што поради повреди, што поради лични причини, сепак и јас и мојот колега Сашко Ангелов сме презадоволни од настапот на нашите џудисти на овој силен турнир“ - изјави Марјан Колев, тренер на џудо клубот „Кожувчанка“.
По големиот успех, кавадаречките џудисти ги очекува нов предизвик, на уште еден меѓународен натпревар, овој пат во Аминдио, Грција, на кој џудо клубот „Кожувчанка“ ќе учествува со триесетина џудисти.