Центарот за боречки вештини „Будо“ од Кавадарци со нови 8 медали од кoи 7 златни

Спорт
Типографија

 

На државното првенство во кик бокс за јуниори и сениори „Будо“постигна голем успех

Првенството  вчера  се оддржа во Скопје во хала 5 на скопскиот саем, избраниците на Александар Ристовски и Тодор Анастасиев имаа уште еден блескав настап кој го комплетираа со пет медали. Јуниорите имаа стопроцентен учинок, кој го најави Филип Ризов со новиот златен медал во категоријата кик лајт, а најсјајните медали завршија и на градите на Александар Велков и Ристе Атанасов. Кај сениорите Илија Камчев стигна до првата позиција, додека Никола Бошев ја загуби финалната битка и стигна до сребрениот медал.

17857394_1375369932521068_255960608_n.jpg

17857992_1375370032521058_73567878_n.jpg

Борците кои уште на првото државно првенство во ММА демонстрираа надмоќност и непогрешливост. Златни медали освоија  сениорите Мартин Данев, Мартин Димитровски и Никола Бошев.

17888802_1375370179187710_881816445_n.jpg

17841812_1375370005854394_718889060_n.jpg

 

 

 

„Задоволен сум од целиот тим. Кик боксерите очекувано беа доминантни пред се поради поглемиот број на борби и искуство кое го имаат. Покрај нивните успесни, исто толку важен е и резултатот на ММА борците. Драго ми е што оваа боречка вештина полека влегува во нашата држава, има доста квалитетни борци, но што е најважно, ние не заостануваме зад нив, а потврда за тоа се и трите злата“ – вели  меѓу другото Александар Ристовски, тренер на клубот за боречки вештини „Будо“, најавувајќи уште една успешна и доминантна сезона и во кик бокс и во ММА.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Clear (night), 3 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:22 am   |   Sunset: 4:11 pm
79%     6.4 km/h     33.390 bar
Forecast
Пет Low: 2 °C High: 12 °C
Саб Low: 1 °C High: 10 °C
Нед Low: 0 °C High: 6 °C
Пон Low: 1 °C High: 7 °C
Вто Low: 1 °C High: 10 °C
Сре Low: 0 °C High: 12 °C
Чет Low: 1 °C High: 11 °C
Пет Low: 1 °C High: 12 °C
Саб Low: 0 °C High: 13 °C
Нед Low: 3 °C High: 11 °C