Библ лига:Фени Индустри - Карпош Сoколи

Кошарка
Типографија

Натпреварот на македонските претставници се игра утре- среда 19 часот во СС„Јасмин“


Петтото коло од балканската БИБЛ лига ја носи македонската пресметката во групата Б. По четири кола Фени Индустри и Карпош Соколи се наоѓаат на спротивни страни од табелата, Фени е втор, додека Карпош претпоследен, што заедно со предноста на домашниот терен му го прави тимот од Кавадарци фаворит, иако и Малинков и неговите соиграчи се свесни дека нема да биде лесно.
По поразот во Никшиќ од тимот на Сутјеска, Фени се враќа во својот „Јасмин“ во кој сезонава е доминантен и убедлив, за разлика од екипата на Карпош Соколи која по доаѓањето на Драган Николиќ на тренерската позиција врза две победи во серија, единствени сезонава, во која тимот од Скопје се натпреварува и во јадранската АБА лига.
Правилата за користење на лимитиран број на странски играчи во БИБЛ лигата дефинитивно е проблем за гостите, за разлика од Малинков кој го има на располагање целиот ростер, во кој доминираат македонски играчи.
Натпреварот Фени Индустри - Карпош Сoколи на програмата е во среда, 19 часот, а вратите на спортската сала „Јасмин“ ќе бидат отворени за публиката еден час пред почетокот на натпреварот.