Kошарка: Купот на Македонија oвој викенд во Кавадарци

Кошарка
Типографија

Фени Индустри и МНА Кожувчанка ќе ја бранат честа на Кавадарци на завршницата на националниот кошаркарски Куп кој следниот викенд ќе се одигра во Кавадарци.


Ждрепката одлучи Фени во четвртфиналето кое е закажано за во петок да се сретне со екипата на АВ Охрид, но во крајно неатрактивен термин за кавадаречката јавност, 15 часот и 30 минути. Евентуалната победа ќе ги однесе избраниците на Малинков на дуел со подобриот од дуелот МЗТ Скопје - Кожув.
МНА Кожувчанка пак како третопласирана по седум одиграни кола од домашниот шампионат ќе вкрсти со тимот на Вардар во второто женско полуфинале кое на програмата е во сабота, 18 февруари со почеток од 15 часот и 30 минути. Во првиот полуфинален дуел Бадел го очекува тимот на Пелистер.
Извлекувањето на натпреварувачките броеви и имињата на екипите го извршија генералниот секретар на МКФ Моника Гаврилоска и комесарот за натпреварување при МКФ Владо Цветковски.


ЛИМАК КУП на Македонија 2017
РАСПОРЕД


Четврт-финале - 17.02.2017 (петок)
13:00ч. КК Карпош Соколи 2000 – КК Вардар (пар Г)
15:30ч. КК ФЕНИ Индустри - КК АВ Охрид (пар Б)
18:00ч. КК Работнички - КК Куманово 2009 (пар А) МРТ
20:30ч. КК МЗТ Скопје А. – КК Кожув (ТВ) (пар В) МРТ

Полуфинални натпревари – 18.02.2017 (сабота)


13:00ч. ЖКК Бадел 1862 –(четвртопласирана екипа по одиграни 7 кола во ПЛЖ)
15:30ч. ЖКК Вардар - (третопласирана екипа по одиграни 7 кола во ПЛЖ)
18:00ч. Победник (пар А) – Победник (пар Г) МРТ
20:30ч. Победник (пар Б) – Победник (пар В) МРТ

Финале – 19.02.2017 (недела)


16:00ч. Финален натпревар – жени МРТ
19:00ч. Финален натпревар – мажи МРТ

Следни настани

RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Fair (day), 35 °C
Current Conditions
Sunrise: 4:59 am   |   Sunset: 8:10 pm
22%     29.0 km/h     33.085 bar
Forecast
Саб Low: 19 °C High: 36 °C
Нед Low: 18 °C High: 37 °C
Пон Low: 17 °C High: 36 °C
Вто Low: 18 °C High: 32 °C
Сре Low: 17 °C High: 37 °C
Чет Low: 18 °C High: 37 °C
Пет Low: 19 °C High: 40 °C
Саб Low: 21 °C High: 38 °C
Нед Low: 20 °C High: 33 °C
Пон Low: 17 °C High: 31 °C