/Видео/ „Спортисимо“ организира успешен кошаркарски турнир

Кошарка
Типографија

Кавадаречката кошаркаркарска школа „Спортисимо„ на спорстките терени на  ООУ„ГоцеДелчев„ вчера го организира 16 турнир во улична кошарка.

 Истиот беше успешен и на него учествуваа  110 млади кошаркари.Се работи за 16-ти по ред турнир во улична кошарка  на Школата за кошарка „Спортисимо„  во која тренираат деца од 7 до 14 години.Годинава се напреваруваа 20 екипи како и  30 -тина кошаркари  од 7 години.Мирослав Златевски, заедмно со тренерите Марјанчо Јанкулов и Ѓорѓи Илов работат со идните кошаркари со години и имат одлично искуство со сите “погони„.Дел од нив заминуваат во кошаркарски  тимови ,во градот и надвор од него.