Македонија поразена од Велика Британија

Кошарка
Типографија

Македонските кошаркари вечерва во Кавадарци го претрпеа третиот пораз во групата од кфалификациите за „Евробаскет 2017“.

Македонија загуби од Велика Британија со 89:62. ги загубивме сите шанси за пласман на континенталниот собир кој е закажан за наредната година.

raca

За поразот се правдаше селекторот Драган Раца:

„Реков и против Унгарија дека по повредата на Дамјан ќе имаме многу проблеми, бидејќи каква ни е екипата моментално, тој ни е клучен кошаркар, а ние немаме адекватна замена. Подоцна во мечот влеговме во контра ритам и јас сум искрен и не треба да ги критикуваме овие момци заради овие резултати. Ова е реалноста на македонската кошарка и треба повеќе да играат македонските кошаркари во клубовите. Оваа Британија не е Британија која некогаш беше. Имаат седум кошаркари кои играат Евролига и Еврокуп, плус Гордон, за кого не треба да се трошат зборови. Немавме помош од клупата, тие имаа многу кошаркари во ротација и мислам дека Велика Британија инвидуално е најдобра селекција во групата. Тие имаат тоа што ние го немаме, имаат големо искуство да се охрабрат момците по два месеци напорна работа. Имавме пех со Марко Симоновски, кој требаше да дојде тука, и со Дамјан Стојановски да беше здрав веројатно ќе се радувавме. Ова што го видовме денес е реална слика на нашиот баскет и не треба премногу да жалиме. Треба да почнеме да работиме, бидејќи ако почнеме да се жалиме ништо не правиме. Треба да направиме систем, сите кошаркари кои се повикани да дојдат, бидејќи да знаев дека нема да биде така, немаше ниту да дојдам“.

 

Гостите поведоа од стартот и ја градеа предноста од четвртина во четвртина Последниот натпревар од овој квалификациски циклус го играме в сабота, при што и гостуваме на Унгарија, но без оглед на конечниот исход не можеме да се надеваме на „Евробаскет 2017“.

 

МеталАпостолов
MM-Biro

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 15 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:38 am   |   Sunset: 7:23 pm
55%     6.4 km/h     33.153 bar
Forecast
ВтоLow: 8 °CHigh: 28 °C
СреLow: 11 °CHigh: 31 °C
ЧетLow: 12 °CHigh: 30 °C
ПетLow: 11 °CHigh: 31 °C
СабLow: 14 °CHigh: 27 °C
НедLow: 13 °CHigh: 29 °C
ПонLow: 13 °CHigh: 30 °C
ВтоLow: 15 °CHigh: 31 °C
СреLow: 15 °CHigh: 31 °C
ЧетLow: 15 °CHigh: 28 °C