KOШАРКА: „ФЕНИ ИНДУСТРИ“ ГОСТУВА ВО ПЕЌ

Кошарка
Типографија

Кошаркарите на Фени Индустри изутринава заминаа за Пеќ, каде утревечер ќе го одиграат првиот натпревар во рамки на балканската БИБЛ лига против истоимениот противник.

Иако е свесен за силата и квалитетот на противникот, тренерот Малинков верува дека неговите кошаркари можат да направат изненадување на стартот на сезоната. „Се работи за исклучително силен и квалитетен противник, кој има одлични играчи на сите позиции, но ние ќе одиме да ги изненадиме. Екипата на Пеќ ни беше гостин на годинашното издание на турнирот „Димитар Ѓорѓиев“, и иако немавме директен дуел со нив, сепак имавме можност заедно со моите асистенти да ги следиме и во двата натпревари и да ги анализираме нивните силни и слаби страни“ - изјави Малинков непосредно пред заминувањето за Косово.

Во премиерниот натпревар сезонава од ростерот најверојатно ќе недостасува плејмејкерот Бобан Стајиќ. „Сите играчи се здрави и подготвени за првиот сезонски предизвик, освен Бобан Стајиќ кој веќе неколку денови има вирус, па дополнително ќе одлучам дали ќе биде во составот на утрешниот натпревар“ - заврши Малинков. Натпреварот се игра во среда, 12 октомври, со почеток од 19 часот и 30 минути.

DITO

Следни настани

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Cloudy, 4 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:36 pm
60%     35.4 km/h     32.916 bar
Forecast
Пон Low: -2 °C High: 5 °C
Вто Low: -4 °C High: 5 °C
Сре Low: -3 °C High: 3 °C
Чет Low: -4 °C High: 4 °C
Пет Low: -4 °C High: 6 °C
Саб Low: -2 °C High: 7 °C
Нед Low: 0 °C High: 8 °C
Пон Low: 1 °C High: 8 °C
Вто Low: -1 °C High: 8 °C
Сре Low: 0 °C High: 10 °C