На 18 Април во 20.00 во "Колектив Галерија" на Плoштадот- Македонија, ќе биде отворена изложбата "Емо Азбука" на Гордана Винчиќ.

На отварањето нашата актерка Јелена Мијатовиќ, инспирирана од поезијата на Драган Таневски и изложените дела ќе изведе уметнички перформанс. Настанот ќе биде проследен со специјално компонирана музика од младиот музички продуцент Александар Миличевиќ.

Азбуката и е, помистична од што можеме да претпоставиме. Според прастарите записи во манускриптите, секоја буква крие магично зборче кое може да инициира: богатство, просветлување и повраток од ”темнината”. Денешната азбука влече длабоки корења од хиероглифитe а пак тие од семитскиот систем.

На изложбата се застапени се 31 цртеж на хартија изработени во техника јаглен и пастел во две димензии, 100х70 цм и 70х50 цм.

За овoj   своеј најнов циклус на ликовни дела на Винчиќ вели:

„Сакам да поттикнам кај гледачот љубопитност за мистиката на азбуката и емоциите кои таа визуелно може да му ги побуди. Со голите женски тела сакам пак да ја искажам сличноста на азбуката со женската мистика која често се спојува со емоциите.

Гледајки ги цртежите, вниманието на набљудувачот ќе му го земат и буквите, воден од својата асоцијативна представа ќе се подзамисли. Тие сликовито ќе го асоцираат на: личност, предмет, настан и слично а со тоа и ќе побудат цела палета на емоции.

57303319_2270793549908346_1414220095055462400_n_1.jpg

 

56456132_395784724574865_5822413724094300160_n.jpg56624617_422635061835169_6063370829738016768_n.jpg56716235_2275737315982988_3993318187885133824_n.jpg56828014_262097658006345_5215742974989697024_n.jpg

 

 

 

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА