Вчера во општина Кавадарци се одржа средба меѓу градоначалникот Митко Јанчев,советниците и преставници на Еуроникел, по нивно барање за да ги презентираат предностите и бенефициите од успешното рестартирање на комбинатот и воспоставување на подобри односи меѓу компанијата и Општина Кавадарци.

Претставникот на Џи сол Маркос Камхис пред присутните говореше за досегашните нивни инвестиции во комбинатот од над 70 милиони евра за негово рестартирање,откуп на долгови и дополнителни 10 милиони евра за оперативни трошоци. Камхис посочи дека нивната компанија располагала со рудни ресурси во Африка и Централна Америка,каде во Доминиканската република имале фабрика за никел и потребните искуства и експертиза во оваа област. Смета дека за Фени имало иднина и затоа измиантите месеци работеле за опстанок на фабриката и сите вработени да бидат ангажирани во производниот процес.Според него иднината на фабриката била реорганизација, додека ликвидација или впаричување на имотот било најлошото нешто,зашто со тоа работниците останувале на улица,фабриката ќе се затвори а можноста за нејзино повторно отворање била незивесна.Плановите им се пуштање на втората производна линија со инвестиција од 15 до 20 милиони евра,нови вработувања,соработка со општината и домашните добавувачи на стоки и услуги.На состанокот советниците најмногу се интересираа околу почитувањето на еколошките стандарди и животната средина,на што од Еуроникел им одговорија дека веднаш кога влегле во фабриката направиле целосен ремонт на филтрите и така ќе биде и во иднина.Интерес советниците пројавија и за повторно активирање на рудникот Ржаново,при што им беше соопштено дека во околината на рудникот ресурсите практично биле исцрпени но сепак е во нивен интерес и фокус на вниманието,но најдобро,според нив е што тие располагале со доволно руда за обезбедување опстанок на Фени.

Градоначалникот Митко Јанчев за Канал 77 изјави дека ги слушнале предлозите и плановите на Еуроникел,очекуваат добра соработка со било кој инвеститор во општината и повторно се осврна на состојбите со рудникот Ржаново кој беше затворен пред 5 години,Фени го користеше со децении а 30 ина работници беа прогласени за технолошки вишок. Неработењето на рудникот Ржаново предизвикува околу 50 милиони денари на годишно ниво да губи општина Кавадарци кои влегуваа во општинската каса на име концесија.

Б. Тошевски- Канал 77

feni-.png

 

 

 

 

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА