/Видео/ Вчера во Кавадарци се одржа протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија
Типографија

Пред присутните се обрати претседaталот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев а потоа и претседателот на партијата Христијан Мицкоски.Претходно ,поворката која се движеше по „Илинденска“ , застана пред спомен плочата на ул.„М.Хв Јасмин“ која е подигната во чест на основачите на Комитетот ТМОРО за Кавадарци и положија цвеќиња.

-“Ако погледнеме во минатото ќе видиме дека единствен избор е да веруваме во себе и во сопствените капацитети. И да сме свесни дека од нас самите зависи како ќе живееме. Мора да се бориме и да имаме визија. Мора ние самите да го направиме нашиот живот достоинствен. Знаеме како, ќе работиме секој ден макотрпно додека не ја реализираме нашата цел. Да ги направиме граѓаните на оваа земја горди и достоинствени граѓани на Република Македонија, со дигнати глави. Без разлика на нивната професија, етникум, образование“-рече претседателот на ВМРО-ДМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Кавадарци.

Упати критики кон премиерот Заев и власта за дипломатијата, економијата, здравството, образованието. За земјоделството рече дека е на најниско ниво бидејќи, како што нагласи, уште се чекаат отштетите од невреме, а земјоделците се незадоволни од пласманот на земјоделските производи

- Светлината на надежта е Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, кое гордо стои исправено, и вели „доаѓаме“. И никој не може да не сопре, нагласи Мицкоски.

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mostly Cloud (day), 0 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:4 pm
88%     6.4 km/h     33.187 bar
Forecast
Нед Low: -2 °C High: 5 °C
Пон Low: -4 °C High: 0 °C
Вто Low: -1 °C High: 0 °C
Сре Low: -4 °C High: 2 °C
Чет Low: -8 °C High: 3 °C
Пет Low: -1 °C High: 5 °C
Саб Low: -1 °C High: 3 °C
Нед Low: -1 °C High: 5 °C
Пон Low: 0 °C High: 5 °C
Вто Low: 0 °C High: 6 °C