8 СЕПТЕМВРИ-ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Македонија
Типографија

 

Република Македонија денеска одбележува 25 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

         Над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

Денарот е воведен на 26 април 1992, а потоа добивме и своја Армија која роденденот го слави на 18 август.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација.

         Во изминатите 24 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. И покрај исполнувањето на сите критериуми за полноправно членство во НАТО на Самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 година, Република Македонија доби само условена покана за членство, откако Грција поради спорот за името го блокира приемот.

RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Partly Cloudy (day), 27 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:0 am   |   Sunset: 8:10 pm
45%     6.4 km/h     32.983 bar
Forecast
Пон Low: 16 °C High: 38 °C
Вто Low: 18 °C High: 36 °C
Сре Low: 17 °C High: 39 °C
Чет Low: 18 °C High: 40 °C
Пет Low: 18 °C High: 41 °C
Саб Low: 20 °C High: 41 °C
Нед Low: 20 °C High: 35 °C
Пон Low: 19 °C High: 30 °C
Вто Low: 17 °C High: 29 °C
Сре Low: 16 °C High: 30 °C