EЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА ВО ПЧЕЛАРСТВОТО

Македонија
Типографија

 

-Пчеларската федерација на Македонија прогласува елементарна непогода во пчеларството за 2016 година и ќе бара помош од државата за спас за презимување на пчелите и пчеларството.

Државата, според претседателот на Пчеларската федерација на Македонија Јане Марков,треба да го зголеми субвенционирањето од 600 на 1.000 денари, надоместот што го дава за пчелно семејство, вклучено за производство на пчелни матици, да обезбеди садници за пошумување со медоносни растенија.

 

2222222222_2.jpg

-Скоро добивме информација дека во штипскиот регион се увезени речиси 40 тони мед, кои ја намалиле цената на 190 денари. Кај нас во големопродажба цената е над 250 денари за килограми, а бидејќи ова е слаба година, останавме на заштитена цена од 350 денари, рече на прес-­конференција Марков.

Според него, со помош на државата треба да се направи брендиран македонски мед.Во Македонија постојат над 8.000 пчелари со повеќе од 260.000 пчелни семејства. Годинава, според сознанијата на Пчеларската федерација, просекот на добиен мед е многу слаб со само 1,8 килограми презимено пчелно семејство и 7,3 килограми од селидбено пчеларење.

 

333333111133333.jpg

За самостоен бизнис во пчеларството, со приходи за едно домаќинство се потребни најмалку според Сашо Ѓуровски, претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за повисоки приноси треба да се практикува селидбено пчеларење и да се користи селектирана матрица.

-Лани просекот на едно пчелно семејство е под 10 килограми мед. Тоа покажува дека климатските промени си го прават своето. Но, климатските промени влијаат и низ цела Европа. Ако ја споредиме со која било земја Македонија убедливо води со најнизок принос по пчелно семејство, но за висок принос е потребно и селидбено пчеларење и да се користи селектирана матица, рече Ѓуровски. 200 пчелни семејства, но да биде ориентиран и со другите пчелни производи.

Според статистичките податоци, во Македонија на годишно ниво се троши само 700 грама мед по глава на жител, во Германија потрошувачката е 9 килограми, а во Јапонија 16 килограми.

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Sunny, 26 °C
Current Conditions
Sunrise: 5:50 am   |   Sunset: 7:17 pm
24%     11.3 km/h     33.254 bar
Forecast
Чет Low: 12 °C High: 31 °C
Пет Low: 11 °C High: 32 °C
Саб Low: 15 °C High: 34 °C
Нед Low: 15 °C High: 36 °C
Пон Low: 16 °C High: 36 °C
Вто Low: 17 °C High: 35 °C
Сре Low: 18 °C High: 34 °C
Чет Low: 17 °C High: 33 °C
Пет Low: 17 °C High: 35 °C
Саб Low: 17 °C High: 32 °C