Празнување:11 Октомври-Ден на народното востание

Македонија
Типографија

Честитка за празникот на градоначалникот на Општина Кавадарци- Александар Панов

 

                         „На овој историски ден во 1941 година во Прилеп започна востанието против фашистичката окупација и беше најавена организираната народно ослободителна борба.

Преку оваа борба нашиот народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава. Токму со 11 октомври и НОБ застанавме на страната на антифашистичката коалиција. Македонските граѓани знаеја да го изберат доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата и да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја.

                   Денес после 75 години споменот на 11 октомври и на Народно ослободителната борба, не бледнее. Наследството кое ни го оставија македонските борци-слобода и мир нема да дозволиме никогаш да ни биде одземено и загрозено.

                   На овој голем празник уште еднаш да потсетиме дека борбата на денешните генерации кавадрчани и македонци треба да биде посветена на економскиот просперитет. Борба за секое новотворено работно место. Вложувања во образованието, здравството, инфраструктурата, во изградба на патишта, како и помош за нашето земјоделие.

                   Тоа е нашата денешна борба која ја темелиме на споменот и почитта кон  НОБ и сите претходни револуционери од Кавадарци и Македонија кои ги дале своите животи или се вградиле себе си во развојот на Македонија.“

                  Нека ни е честит и вековит 11 Октомври!

МеталАпостолов
MM-Biro
Gjorche Petrov

Временска прогноза

Kavadarci Macedonia Mixed Rain and Snow, 0 °C
Current Conditions
Sunrise: 6:52 am   |   Sunset: 4:4 pm
89%     8.0 km/h     33.153 bar
Forecast
Нед Low: -2 °C High: 5 °C
Пон Low: -1 °C High: 1 °C
Вто Low: 0 °C High: 1 °C
Сре Low: -3 °C High: 3 °C
Чет Low: -5 °C High: 3 °C
Пет Low: -2 °C High: 4 °C
Саб Low: -1 °C High: 6 °C
Нед Low: -2 °C High: 6 °C
Пон Low: -2 °C High: 8 °C
Вто Low: -1 °C High: 10 °C