(Видео) На денешен ден 1945 година - разглас во Кавадарци

На денешен ден
Типографија

Во работа пуштена првата разгласна станица во Кавадарци-сеќавање на Диме Мустеников-Перодршков

На 9 март 1945 година во рамки на т.н. АГИТПРОП во Кавадарци  пуштена е во работа првата Разгласна станица. Целта  била да се информира населението од Кавадарци за сите позначајни настани во земјата и во светот. Разгласната станица имала еден засилувач(појачало) и еден микрофон, на кој биле поврзани два звучника од по 50 вати. Едниот звучник бил поставен на градскиот плоштад, а вториот  во  т.н.“Дарданелското Маало“.

Програмата на разгласната станица ја подготвувале членовите на театарската група која секој ден подготвувале едночасовна емисија. во која имало вести, што се добивале од редакцијата на весникот “Билтен“, а имало и забавен дел кој бил наречен “Трнче и копривка“, во кој се исмејувале некој несоцијални појави.

Во тоа повоено време програмата ја подготвувале :Александар Грков, Илија Каровски и Лазар Грозданов. Вестите ги подготвувале Васил Анастасов, Велко Поп Коцев и Киро Мукаетов, а со техниката раководелe Диме Мустеников-Перодршковиќ и Тодор Мурџев.