На денешен ден во Тиквешијата

На денешен ден
Типографија

На 10 март 1881 година роден е Лазар Мишев-Боцев - револуционер од Кавадарци


Лазар Мишев Боцев е една од најзначајните личности од времето на национал-ослободирелните борби во Кавадарци. Роден е во Кавадарци на 10.03.1881 година во занаетчиско семејство. Основно образование завршил во Кавадарци,па во Солунската машка гимназија.Потекнува од револуционерно семејство, неговиот татко Мишо Боцев бил активен член на револуционерната организација од Кавадарци. Во 1902 година Лазар Боцев работи како учител во Кавадарци, а кон крајот на годината е назначен за раководител на Тиквешкиот околиски комитет.На Тиквешкиот конгрес во февруари 1903 година во својство на претседател на комите-тот Лазар Боцев го отворил конгресот и ги прочитал одлуките на Солунскиот конгрес од јануари истата година, според кои било донесено решение за кревање на општнародно востание.
За време на Илинденското востание четата на Петар Јуруков за полеснио да се движи била поделена на два дела, со вториот дел од четата раководел војводата Лазар Мишев. Со четата војводата Лазар Боцев води неколку успешни борби против османлиските воено-полициски сили во овој крај. По Илинденското востание се враќа во Кавадарци, но набрзо бил уапсен од страна на турските власти. По амнестијата е ослободен од затворот и заминува во Бугарија. Умира во Софија на 7-декември 1951 година.

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK