Нa денешен ден во Тиквешијата

На денешен ден
Типографија

-На  25.maрт 1913 година во Ваташа е роден Лазо Вчков.

Завршил трговска академија во Битола,а Висока комерцијална школа во Загреб. Во 1934 г. бил затворен и осуден на две години робија во Сремска Митровица, од Судот за заштита на државата.Во Белград соработува со Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски и др. Во јануари 1941 е испратен во интернација во Ивањица поради антидржавни дејности. Во септември 1941 г. е формиран партзански одред во месноста “Раштани“, а Лазо бил избран за негов командант. По загинувањето на неговиот брат Миле бил интерниран во логор во Бугарија. По бегство од логорот се приклучил на Малешевскиот партизански одред. По војната работи како директор на филијалата на Народна банка во Кавадарци. Бил помошник министер за трговија на Македонија. Се пензионира како шеф на кабинетот на секретарот за финансии на СФРЈ. Почина во Белград во март 1990 година.

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK