На денешен ден во Тиквешијата

На денешен ден
Типографија

На  30.март 1886 година  во Кавадарци е роден Пане Хаџи Тефов.

Завршил основно училиште и нижа гимназија во Кавадарци и работи како чиновник во општинската управа. За време на НОВ неговата куќа е една од најактивните илегални куќи во која е сместена и партиската техника со која раководат Мито Хаџи Василев-Јасмин и Стефан Хаџи Тефов-Феткин. Во 1943 година е интерниран во Крџали Бугарија на принудна работа. Тешко ја поднесува загубата на неговите два сина Стефан и Тодор. На првите општи избори за НОО во март 1945 г. Пане е избран за претседател на НОО за Кавадарци. Пане Хаџи Тефов почина во Кавадарци 1972 година на 86 годишна возраст.

RTK