На денешен ден

На денешен ден
Типографија

На 6.04.1918 г. во с.Мрзен Ораовец-кавадаречко е роден народниот херој Лазо Филиповски Лавски.

Рано останал без мајка и работи како пекар Градско, а во Велес започнува неговата револуционерна дејност. Во 1937 г. заминал на работа во Белград каде се вклучил во тамошното синдикално движење. По окупацијата на нашата земја станал член на Масниот комитет на КП за Прилеп и инструктор за ракување со оружје. Во почетокот на март заминал по партиска задача во Кавадарци со намера да донесат оружје и муниција. На враќање заедно со Борка Талевски наидуваат на бугарска заседа и во таа борба и двајцата загинале. За народен херој е прогласен на 11 октомври 1953 година.

Почина Никола Минчев

Никола Минчев  е учител борец, револуционер и една од најпознатите политички личности што ги има дадено Кавадарци. Бил командант на штабот на Трета оперативна зона на Македонија, командант на тиквешкиот партизански одред “Добри Даскалов“, делегат на АВНОЈ, АСНОМ, прв министер за образование во Р. Македонија. Во Сојузната влада на СФРЈ бил министер за финансии и директор на сојузниот завод за стопанско планирање. Во 1965 година бил преседател на Собранието на Р. Македонија и претседател на Владата на Р. Македонија. Никола Минчев е еден од најзаслужните за изградбата на ФЕНИ во кој волонтерски ја извршува функцијата директор на Управниот одбор.

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK