Нa денешен ден во Кавадарци

На денешен ден
Типографија

28 јуни 1906 година во Ваташа е убиен македонскиот револуционер и месен војвода од времето на илинденскиот и поилинденскиот период, Јованче Поп Антов.

Тој е најмладиот од тројцата браќа Поп Антови.Роден е во Ваташа 1882 година. Завршил основно образование во Ваташа, прогимназија во Прилеп и учителска школа во Скопје. Бил учител во Ваташа и Кавадарци.. Во 1904 година станал комита во четата на војводата Добри Даскалов. Бил непоколеблив во чистење на Тиквешијата од присуството на бугарските врховистички чети. Во една таква акција бил потешко ранет и бил принуден повеќе месеци да помине на лекување. Во 1905 г. во Ваташа бил поставен за војвода на ваташката месна чета. Бил убиен на 28 јуни 1906 г. пред кафаната во Ваташа од страна на припадник на т.н. “Тајни турски комитети“, чија цел била ликвидирање на значајни личности на македонската револуционерна организација.

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK