На денешен ден

На денешен ден
Типографија

На  7 јули 1903 година- загина Ефрем Галев

 Во жестока борба против турската војска и полиција кај село Раец загина Ефрем Галев од Кавадарци, борец во четата на Петар Христов Јуруков.

Ефрем Галев е роден во Кавадарци во 1873 година, уште како млад го изучил шивачкиот занает. Во редовите на ТМОРО се вклучил уште со неговото формирање и бил член на неговото најтесно раководство. Во септември 1901 година за време на 15-сетдневниот престој на Гоце Делчев во Тиквешијата за неговата безбедност бил задолжен токму Ефрем Галев. Во четата на војводата Петар Јуруков се вклучил во 1902 година. Учествува во борбите кај селата: Полошко, Куманичево, Галиште, Грбавец и Клиново. Загинал во борбата што неговата чета ја водела против турскиот бимбашија Селим Чауш на 7 јули 1903 година кај селото Раец.

SOU-BRKO
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK