На денешен ден-роден е Димката Ангелов Габерот

На денешен ден
Типографија

На 17 октомври 1916 година  во Ваташа е роден Димката Ангелов Габерот една од најпознатите историски личности во поновата историја на народот од овој крај.

Се образувал во Ваташа, Кавадарци, Прилеп и Неготин Краина, каде се стекнал со диплома на учител. Во 1936 г. со само 20 години на јавен митинг во Кавадарци смело му се спротивставил на министерот за народно здравје и социјална политика Драгиша Цветковиќ за експлоататорската и денационализаторската политика на неговата влада врз македонското население. Поради своите прогресивни идеи бил на неколку пати апсен од тогашната полиција. Како учител работи во селата Дабниште и Радња. Имал дарба за музика, бил спортист, а имал и актерски способности. Станал член на Воениот и Месниот комитет на Кавадарци во 1941 и 1942 година и еден е од организаторите на востанието на народот од Тиквешијата. Во април 1943 година бил избран за политички комесар на штабот на Третата оперативна зона, а кога на 14 мај 1943  е формиран одредот “Добри Даскалов“, Димката е назначен за негов политички комесар. Загинал храбро во заседа што ја поставила бугарската војска на 10 јуни 1943 година. Со него загинаа и Ило Виларов, Пано Мударов и Стојан Крстев. И денес е голема енигма зошто Димката не беше прогласен за народен херој.

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK