На Денешен ден-почина револуционерот Петар Јуруков

На денешен ден
Типографија

На 18 декември 1905 година , умре Тиквешкиот војвода Петар Христов Јуруков

Кај селото Прилепец, како последица од тешките рани почина тиквешкиот околиски војвода и револуционер Петар Христов Јуруков. Роден е во Карлово 1882 година, се школувал во Карлово, Пловдив и Самоков. За тиквешки војвода е именуван во 1902 година. За време на Илинденското востание со неговата тиквешка чета водел две големи борби, едната на 3 август кај месноста “Дреновица“,. близу Шешково, а другата кај с,Копришница. Во мај 1904 година. како делегат од Тиквешијата учествува на Прилепскиот општ конгрес на Организацијата. Во летото 1905 г. е назначен за крушевски војвода со задача да ја обнови Организацијата која најмногу настрада во времето на Илинденското востание.

MM-Biro
ЗШУЦ Ѓорче Петров
RTK