На денешен ден-роден е Никола Баснарков

На денешен ден
Типографија

Ликовен уметник кој остави неизбришливa трага во ликовната уметност кај нас

На 17 јануари 1934 година во село Ваташа е роден Никола Баснарков, ликовен педагог и сликар. За време на својот живот реализирал десетина самостајни и четири групни ликовни изложби. Баснарков е еден од највпечатливите македонски акварелисти поради што ликовниот критичар Владо Величковски ќе запише: “Баснарков е еден од најпопуларните акварелисти кој во своите слики прикажува рафинирано чувство за акварелски валер.“ Никола Баснарков почина во Кавадарци во 1987 година.