На денешен ден – Извршена казната врз виновникот за стреланите 12- Ваташки младинци

На денешен ден
Типографија

1945 година во Кавадарци по изречената пресуда стрелан e полковникот Љубен Апостолов, командант на 56 пешадиски полк на бугарската армија

1945 година од страна на Народниот суд во Кавадарци е стрелан полковникот Љубен Апостолов, командант на 56 пешадиски полк на бугарската армија. Tој беше директно одговорен за спроведувањето на Јунската офанзива од 6 до 16 јуни 1943 година во Тиквешко и одговорен за стрелањето на 12-те ваташки младинци на 16 јуни 1943 година.