На денешен ден-Февруhttp://rtk.mk/administrator/index.php?option=com_content&view=article&layout=edit&id=2908#imagesарски поход

На денешен ден
Типографија

На 2.02.1944 година започна Февруарскиот поход

Походот го изведоа единиците од НОВ (Првата, Втората македонска бригада и групата баталјони) кои презедоа маневарски продор кон Централна и Источна Македонија. Втората македонска бригада во која поголемиот дел од борците се од Тиквешко дејствувала помеѓу Тиквеш и Гевгелиско, преземајќи офанзивни дејства према Кавадарци и Демир Капија. Походот трае до 25 февруари 1944 година, при зимски услови, висок снег и многу ниски температури а притоа водејќи жестоки борби со фашистичките сили.