На денешен ден-роден е Пано Мударов-Фрањо

На денешен ден
Типографија

На 9.февруари 1920 година во Кавадарци е роден Пано Мударов-Фрањо.

Потекнува од земјоделско семејство и уште од млади години го изучува коларскиот занает. Бил фудбалер на фудбалскиот клуб „Љубаш“ и со својата височина бил вистински бедем за противничките играчи.Пано е еден од првите борци на одредот “Добри Даскалов“. Загина на 10 јуни 1943 година кај “Клинската Леса“ во борба со бугарската војска заедно со прекалениот негов другар и соборец Димката Габерот со Ило Виларов и Стојан Крстев.