На денешен ден во Тиквешијата -роден е Тасе Бошков

На денешен ден
Типографија

На 2 февруари 1870 година во Кавадарци е роден Тасе Бошков-кмет на Кавадарци убиен кај „Поланата„ 1913  година.

Тој бил учител а подоцна трговец со тиквешко грозје, вино и афион. Бил еден од првите членови на ТМОРО во Кавадарци, а за време на Тиквешкото востание во 1913 година кмет на Кавадарци и член на Главниот штаб на востанието. Српските воени власти го уапсиле неговиот малолетен син Кирил и му пуштиле абер да се предаде бидејќи во спротивно тие ќе го убијат неговото дете. Откако се предал на 27 јуни 1913 година Тасе бил стрелан заедно со поголема група кавадарчани кај месноста “Поланата“.