На денешен ден во Тиквешијата -Роден е Даскал Камче

На денешен ден
Типографија
 20 февруари 1790 година во с. Корешница, близу Демир Капија е роден македонскиот печатникар и преродбеник Даскал Камчев Колев Наков Поп Ангелов.
Поради немаштијата во 1800 година со семејството се преселуваат во село Ваташа. Се образувал самоуко и многу патувал. Станал певец во црковниот хор во Ваташа. Во еден период престојувал во Белград, а потоа заминал за Св.Гора Атонска. Станал водич низ Светогорските манастири и токму затоа го напишал “Краткиот водич низ дваесетте Светогорски манастири. Во 1830 г. во Ваташа го отворил првото световно училиште во Тиквешијата, а прв учител бил токму Даскал Камче. Во 1838 година Камче во соработка со богатиот кавадаречки трговец Јовко Марков ја отвараат Ваташката печатницата, една од првите во Македонија. Се претпоставува дека во неа го отпечатил “Служение еврејско“. Во постојан конфликт и борба со грчките свештеници и владици, Даскал Камче умрел во 1855 година.