На денешен ден-роден е Диме Поцев

На денешен ден
Типографија

На 28 февруари 1915 година во Кавадарци е роден Диме Поцев

Диме е врвен спортист (гимнастичар), а подоцна и револуционер во времето на НОВ. Се образувал во Кавадарци и Горни Милановац. Како младинец бил член на Соколското друштво и еден од најдобрите гимнастичари во историјата на Кавадарци. На отвореното првенство на Скопска жупа (Вардарска бановина) Диме Поцев во 1932 година со само 17 години го освоил првото место во лесна атлетика и вратило. Во времето на НОВ, тој е еден од првите борци на партизанскиот одред “Добри Даскалов“,а во партизани излегува заедно со својата помала сестра Рада Поцева-Дафина.