На Денешен ден-роден е Феткин

На денешен ден
Типографија

На 14.03.1923 година ( пред 95 години) во Кавадарци е роден Стефан Хаџи Тефов Феткин.

Тој завршил гимназија во Кавадарци и уште сосема млад се вклучил во редовите на напредното движење во Кавадарци. Станал член на СКОЈ во 1939 година. Во 1941 година станал член на МК на СКОЈ во Кавадарци. Во април 1943 година станал член на Околискиот комитет на КП за Кавадарци. Во мај е еден од првите борци на одредот “Добри Даскалов“. Заболува како последица на долгиот и тежок марш за време на Февруарски поход и бил пренесен на лекување во сeло Клиново. Биле вложени големи напори за негово оздравување, но болеста била се посилна по што Стефан починал.

Во негова чест Градската библиотека во Кавадарци го носи името на Феткин